водникав

Придавка

Значење на водникав:

1. Што содржи вода повеќе отколку што треба. Водникава храна.

2. Што е измешан со вода или личи на вода. Водникаво вино.

3. (прен.) Што е влажен, насолзен, безизразен. Очите ѝ беа матни и водникави.

Членувана форма: водникавиот.

Изведени зборови:

  • водникавост, и. ж.

Оригинални податоци:

водникав, водникавиот прид. 1. Што содржи вода повеќе отколку што треба. Водникава храна. 2. Што е измешан со вода или личи на вода. Водникаво вино. 3. (прен.) Што е влажен, насолзен, безизразен. Очите ѝ беа матни и водникави. ǁ водникавост ж.