војник

Именка, машки род

Значење на војник:

1. Припадник на војската на определена држава. Една чета војници изведуваше вежби.

2. воин.

Множина: војници.

Изведени зборови:

  • војниче, и. ср. хип.
  • војничиште, и. ср. аугм.
  • војнички, прид. војничкиот Војнички живот. Војнички поздрав. Војничка униформа. Војнички чевли.
  • војнички, прил. Војнички удри со петиците. Застана по војнички.

Оригинални податоци:

војник, мн. војници м. 1. Припадник на војската на определена држава. Една чета војници изведуваше вежби. 2. в. воин. ǁ војниче, мн. војничиња ср. хип. ǁ војничиште, мн. војничишта ср. аугм. ǁ војнички, војничкиот прид. Војнички живот. Војнички поздрав. Војничка униформа. Војнички чевли. ǁ војнички прил. Војнички удри со петиците. Застана по војнички.