војвода

Именка, машки род

Историја.

Значење на војвода:

1. Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на турското ропство. Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев. Се собраа прилепските војводи со своите чети.

2. Властелин, старешина на област во некои средновековни држави; висока благородничка титула и денес во некои земји. Мечтаел за титулата околиски војвода. Тој е на служба кај војводата.

Множина: војводи.

Изведени зборови:

  • војводски, прид. војводскиот Што се однесува на војвода.
  • војвотка, и. ж. кон зн. 2.

Оригинални податоци:

војвода, мн. војводи м. (истор.) 1. Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на турското ропство. Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев. Се собраа прилепските војводи со своите чети. 2. Властелин, старешина на област во некои средновековни држави; висока благородничка титула и денес во некои земји. Мечтаел за титулата околиски војвода. Тој е на служба кај војводата. ǁ војвотка, мн. војвотки ж. кон зн. 2. ǁ војводски, војводскиот прид. Што се однесува на војвода.