вокација

Именка, женски род

Значење на вокација:

1. Наклонетост, дарба кон некое занимање или професија; животна определба. Тој ѝ останува доследен на својата поетска вокација. Рацин е поет по вокација.

2. Повикување, повик. Експресивна вокација. Поетски вокации.

Множина: вокации.

Оригинални податоци:

вокација, мн. вокации ж. 1. Наклонетост, дарба кон некое занимање или професија; животна определба. Тој ѝ останува доследен на својата поетска вокација. Рацин е поет по вокација. 2. Повикување, повик. Експресивна вокација. Поетски вокации.