вокал

Именка, машки род

Значење на вокал:

1. (грам.) Самогласка, глас што се изговара без допир меѓу деловите на усната празнина така што воздушната струја поминува слободно.

2. (муз.) Пејач во музички состав. Триото е составено од двајца инструменталисти и еден женски вокал. На концертот пееше со пет придружни вокали.

Множина: вокали.

Изведени зборови:

  • вокалски, прид. вокалскиот

Оригинални податоци:

вокал, мн. вокали м. 1. (грам.) Самогласка, глас што се изговара без допир меѓу деловите на усната празнина така што воздушната струја поминува слободно. 2. (муз.) Пејач во музички состав. Триото е составено од двајца инструменталисти и еден женски вокал. На концертот пееше со пет придружни вокали. ǁ вокалски, вокалскиот прид.