вол

Именка, машки род

Значење на вол:

1. Вид домашно животно, машко говедо, скопено и возрасно, што служи за впрегнување; Bos taurus. Низ полето рикаше вол. Ги впрегна двата вола. Делкаше јарем за волови.

2. (прен.) Глупак, будала.

Множина: вола, волови.

Изведени зборови:

  • воловски, прид. воловскиот Што се однесува на вол. Воловска кола.

Оригинални податоци:

вол, мн. волови, избр. мн. вола м. 1. Вид домашно животно, машко говедо, скопено и возрасно, што служи за впрегнување; Bos taurus. Низ полето рикаше вол. Ги впрегна двата вола. Делкаше јарем за волови. 2. (прен.) Глупак, будала. ǁ воловски, воловскиот прид. Што се однесува на вол. Воловска кола.