волчи

Придавка

Значење на волчи:

1. Што се однесува на волк. Волчи рик. Волча глутница. Волчо виење. Волчи заби. Волчја ноќ.

2. (прен.) Што е лош, суров, свиреп. Имаше волчи израз на лицето. Волча лутина му затрепти под кожата. Надвор силно бришеше волча, планинска меќава.

Членувана форма: волчиот , волчјиот.

Алтернативно: волчји

Оригинални податоци:

волчи, волчиот и волчји, волчјиот прид. 1. Што се однесува на волк. Волчи рик. Волча глутница. Волчо виење. Волчи заби. Волчја ноќ. 2. (прен.) Што е лош, суров, свиреп. Имаше волчи израз на лицето. Волча лутина му затрепти под кожата. Надвор силно бришеше волча, планинска меќава.