волја

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на волја:

1. Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не. Никој не можел да ја скрши неговата челична волја. Само мојата волја определува што ќе ми се случува.

2. Сакање, желба, намера, расположение; сопствен избор, слобода. Немам волја за ништо. Беше изгубил волја да зборува. Ја потискаше некаква зла волја. Прави како што ти е волја. Во домот некој не смееше да има своја волја, свои мисли.

3. Стремеж, поттик за извршување на нешто, за постигнување определена цел. Без волја за живот се подготвувам за умирачка. Тоа ѝ даде сила и волја да живее.

4. Одлука, заповед, наредба; дозвола, согласност за нешто. Јас ќе ја исполнам вашата волја. Прифати да биде извршител на нивната волја. Со ваша волја, ќе раскажам сè по ред. Без волјата на стопанот никој не можеше да продре внатре.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не ми (ти, му...) е по волја ‒ не ми се допаѓа некој или нешто. Преку волја ‒ без волја, без желба, со сила. Железна волја ‒ цврст, силен карактер. Божја волја ‒ по волја на Бога.

Оригинални податоци:

волја (само едн.) ж. 1. Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не. Никој не можел да ја скрши неговата челична волја. Само мојата волја определува што ќе ми се случува. 2. Сакање, желба, намера, расположение; сопствен избор, слобода. Немам волја за ништо. Беше изгубил волја да зборува. Ја потискаше некаква зла волја. Прави како што ти е волја. Во домот некој не смееше да има своја волја, свои мисли. 3. Стремеж, поттик за извршување на нешто, за постигнување определена цел. Без волја за живот се подготвувам за умирачка. Тоа ѝ даде сила и волја да живее. 4. Одлука, заповед, наредба; дозвола, согласност за нешто. Јас ќе ја исполнам вашата волја. Прифати да биде извршител на нивната волја. Со ваша волја, ќе раскажам сè по ред. Без волјата на стопанот никој не можеше да продре внатре. ◊ Не ми (ти, му...) е по волја ‒ не ми се допаѓа некој или нешто. Преку волја ‒ без волја, без желба, со сила. Железна волја ‒ цврст, силен карактер. Божја волја ‒ по волја на Бога.