волк

Именка, машки род

Значење на волк:

Диво крволочно животно од фамилијата на кучињата, со сивкаво крзно, кое во текот на зимата лови во глутница; Canis lupus. Уловен волк. Завиваа волци. Глутница волци.

Множина: волци.

Изведени зборови:

  • прид. волчешки, волчешкиот/волчи, волчиот
  • волче, и. ср. дем.
  • волчи, волчиот ADJ
  • волчи, волчиот ADJ
  • волчица, и. ж. сп. волк 1.
  • волчиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Морски волк ‒ искусен морнар. Стар волк ‒ Искусен во својата професија (борец, морнар, мајстор и др.), искусен човек. Волк во јагнешка кожа ‒ злобник, лицемер што се крие под маската на доброто однесување. Ние за волкот зборуваме, а волкот на врата ‒ се вели за некој што ќе дојде токму во моментот кога се зборува за него. И волкот сит и овците на број ‒ се вели кога некој сака истовремено да задоволи две противставени страни. Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува ‒ се вели за некој што не го менува својот карактер (обично лош).

Оригинални податоци:

волк, мн. волци м. Диво крволочно животно од фамилијата на кучињата, со сивкаво крзно, кое во текот на зимата лови во глутница; Canis lupus. Уловен волк. Завиваа волци. Глутница волци. ◊ Морски волк ‒ искусен морнар. Стар волк ‒ Искусен во својата професија (борец, морнар, мајстор и др.), искусен човек. Волк во јагнешка кожа ‒ злобник, лицемер што се крие под маската на доброто однесување. Ние за волкот зборуваме, а волкот на врата ‒ се вели за некој што ќе дојде токму во моментот кога се зборува за него. И волкот сит и овците на број ‒ се вели кога некој сака истовремено да задоволи две противставени страни. Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува ‒ се вели за некој што не го менува својот карактер (обично лош). ǁ волчица, мн. волчици ж. сп. волк 1. ǁ волче, мн. волчиња ср. дем. ǁ волчиште, мн. волчишта ср. аугм. ǁ волчешки, волчешкиот/волчи, волчиот прид.