волна

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на волна:

1. (само едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили и сл.). Го галеше јагнето по меката волна. Ги вардеше овците да не си ја оскубат волната низ шипјето.

2. (само едн.) Истрижени влакна што се обработуваат во вид на суровина и се користат за изработка на посебен вид текстил. Предеше волна на дрвена фурка. Ја попарија волната. Имаше работилница за чистење и влачење на волна.

3. Испредени нишки од влакната што се употребуваат за плетење или ткаење; преѓа. На ѕидовите беа закачени килими со остра волна. Носеше капа од најмека волна.

4. Вид ткаенина изработена од испредените нишки. Сите беа облечени во широки мантии од валана волна. Имаше кожено палто со волна однатре.

5. (прен.) Густо израснати влакна по некои делови од човечкото тело или на целото тело.

Изведени зборови:

  • волничка, и. ж. дем.
  • волниште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стаклена волна ‒ вид изолационен материјал од тенки стаклени нишки за изолација на топлина и звук.

Оригинални податоци:

волна (само едн.) ж. 1. (само едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили и сл.). Го галеше јагнето по меката волна. Ги вардеше овците да не си ја оскубат волната низ шипјето. 2. (само едн.) Истрижени влакна што се обработуваат во вид на суровина и се користат за изработка на посебен вид текстил. Предеше волна на дрвена фурка. Ја попарија волната. Имаше работилница за чистење и влачење на волна. 3. Испредени нишки од влакната што се употребуваат за плетење или ткаење; преѓа. На ѕидовите беа закачени килими со остра волна. Носеше капа од најмека волна. 4. Вид ткаенина изработена од испредените нишки. Сите беа облечени во широки мантии од валана волна. Имаше кожено палто со волна однатре. 5. (прен.) Густо израснати влакна по некои делови од човечкото тело или на целото тело. ◊ Стаклена волна ‒ вид изолационен материјал од тенки стаклени нишки за изолација на топлина и звук. ǁ волничка, мн. волнички ж. дем. ǁ волниште, мн. волништа ср. аугм.