вомјази
Разговорен збор, израз.
Значење на вомјази:
Силно изненади, запрепасти некого. Моето влегување го вомјази неканетиот гостин. Ја вомјазија неговите груби зборови.Коњугација: вомјазат.
Изведени зборови:
- вомјазување, глаг. им. ср.
- се ~ вомјази, Силно се изненади, се вчудовиди, се запрепасти. Кога ја виде, се вомјази и страшно се исплаши. Ги слушнаа неговите пискотници и се вомјазија. Се вомјази од помислата за своето родно место.
- (се) вомјазува, глаг. несв. (се) вомјазуваат
Оригинални податоци:
вомјази, вомјазат св. (разг.) Силно изненади, запрепасти некого. Моето влегување го вомјази неканетиот гостин. Ја вомјазија неговите груби зборови. ● се ~ Силно се изненади, се вчудовиди, се запрепасти. Кога ја виде, се вомјази и страшно се исплаши. Ги слушнаа неговите пискотници и се вомјазија. Се вомјази од помислата за своето родно место. ǁ (се) вомјазува, (се) вомјазуваат несв. ǁ глаг. им. вомјазување ср.