вообразен

Придавка

Значење на вообразен:

1. Што е замислен, измислен, нереален. Живее во еден свој вообразен свет. Се загледа во некоја вообразена точка пред себе.

2. Што замислува дека е нешто што не е; надмен, надуен. Тој е дрзок и вообразен. Си станал повообразен од порано. Таа е вообразена глупачка.

Членувана форма: вообразениот.

Изведени зборови:

  • вообразеност, и. ж.

Оригинални податоци:

вообразен, вообразениот прид. 1. Што е замислен, измислен, нереален. Живее во еден свој вообразен свет. Се загледа во некоја вообразена точка пред себе. 2. Што замислува дека е нешто што не е; надмен, надуен. Тој е дрзок и вообразен. Си станал повообразен од порано. Таа е вообразена глупачка. ǁ вообразеност ж.