воопшто
Значење на воопшто:
1. Земено општо, како општа појава, без оглед на посебни случаи. Тој пишува за животот на селото воопшто. Уметноста воопшто го облагородува човекот.
2. Во основа, во начело; барем малку. Дали е тоа воопшто остварливо? Знаеш ли ти воопшто што зборуваш? Прашање е дали тој воопшто учествувал во тоа.
3. Во никој случај, никако, никогаш (во одречни реченици). Тоа воопшто не беше лесно. Не сакал воопшто да разговара со него. Тој речиси воопшто не можеше да спие.
4. Сосема, целосно (со негација). Тој воопшто и не прашал. Воопшто не влегоа таму. Воопшто не те разбирам.
Оригинални податоци:
воопшто прил. 1. Земено општо, како општа појава, без оглед на посебни случаи. Тој пишува за животот на селото воопшто. Уметноста воопшто го облагородува човекот. 2. Во основа, во начело; барем малку. Дали е тоа воопшто остварливо? Знаеш ли ти воопшто што зборуваш? Прашање е дали тој воопшто учествувал во тоа. 3. Во никој случај, никако, никогаш (во одречни реченици). Тоа воопшто не беше лесно. Не сакал воопшто да разговара со него. Тој речиси воопшто не можеше да спие. 4. Сосема, целосно (со негација). Тој воопшто и не прашал. Воопшто не влегоа таму. Воопшто не те разбирам.