вооружен
Значење на вооружен:
1. Што има, што е снабден со оружје. Вооружена придружба. Вооружени војници.
2. Што се врши со оружје. Вооружена борба. Вооружено востание.
3. (прен.) Што има, што располага со нешто. Пристапи кон расчистување на определени поими вооружен со авторитетот на евангелското слово.
Членувана форма: вооружениот.
Изведени зборови:
- вооруженост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Вооружена сила ‒ војска. Вооружен до заби ‒ снабден со многу оружје.
Оригинални податоци:
вооружен, вооружениот прид. 1. Што има, што е снабден со оружје. Вооружена придружба. Вооружени војници. 2. Што се врши со оружје. Вооружена борба. Вооружено востание. 3. (прен.) Што има, што располага со нешто. Пристапи кон расчистување на определени поими вооружен со авторитетот на евангелското слово. ◊ Вооружена сила ‒ војска. Вооружен до заби ‒ снабден со многу оружје. ǁ вооруженост ж.