вооружи
Значење на вооружи:
1. Снабди некого со воени средства, со оружје. Беше празнично облечен и вооружен. Главниот штаб продолжи да ги вооружува четите.
2. (прен.) Снабди, засили некого со определени средства, знаење и сл. заради извршување определена дејност. Техниката го вооружи човекот со најразлични средства. Курсот по методика на наставата треба да ги вооружи идните наставници со практични знаења.
Коњугација: вооружат , вооружен , вооружете , вооружи , вооружив , вооружија , вооружил , (ќе) вооружеа , (ќе) вооружев , (ќе) вооружел.
Изведени зборови:
- се ~ вооружи, Се снабди со оружје. Народот се вооружи против непријателите.
- (се) вооружува, глаг. несв. (се) вооружуваат кон зн. 1.
Оригинални податоци:
вооружи, вооружат; вооружи, вооружете; вооружив, вооружија; вооружил; вооружен; (ќе) вооружев, (ќе) вооружеа; (ќе) вооружел св. 1. Снабди некого со воени средства, со оружје. Беше празнично облечен и вооружен. Главниот штаб продолжи да ги вооружува четите. 2. (прен.) Снабди, засили некого со определени средства, знаење и сл. заради извршување определена дејност. Техниката го вооружи човекот со најразлични средства. Курсот по методика на наставата треба да ги вооружи идните наставници со практични знаења. ● се ~ Се снабди со оружје. Народот се вооружи против непријателите. ǁ (се) вооружува, (се) вооружуваат несв. кон зн. 1.