восхити

Глагол, свршен

Значење на восхити:

Предизвика восхит кај некого, воодушеви, занесе. Сите беа восхитени од радост. Играта на домашните фудбалери ја восхити публиката.

Коњугација: восхитат.

Изведени зборови:

  • восхитување, глаг. им. ср.
  • се ~ восхити, Се воодушеви, се занесе. Тој се восхити од прекрасната природа. Скришум те гледав и ти се восхитував.
  • (се) восхитува, глаг. несв. (се) восхитуваат

Оригинални податоци:

восхити, восхитат св. Предизвика восхит кај некого, воодушеви, занесе. Сите беа восхитени од радост. Играта на домашните фудбалери ја восхити публиката. ● се ~ Се воодушеви, се занесе. Тој се восхити од прекрасната природа. Скришум те гледав и ти се восхитував. ǁ (се) восхитува, (се) восхитуваат несв. ǁ глаг. им. восхитување ср.