воскресне
Значење на воскресне:
1. Стане, подигне од мртвите, повторно оживее. Само Христос воскреснал од мртвите.
2. (прен.) Оживее, обнови нешто. Во своите романи виде можност да ја воскресне сета наша историја. Ќе надојдат спомените и ќе ги воскреснат заборавените ликови.
Коњугација: воскреснаа , воскреснав , воскреснал , воскреснат , воскреснат , воскреснете , воскресни , (ќе) воскреснеа , (ќе) воскреснев , (ќе) воскреснел.
Изведени зборови:
- воскреснува, глаг. несв. воскреснуваат
- воскреснување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
воскресне, воскреснат; воскресни, воскреснете; воскреснав, воскреснаа; воскреснал; воскреснат; (ќе) воскреснев, (ќе) воскреснеа; (ќе) воскреснел св. 1. Стане, подигне од мртвите, повторно оживее. Само Христос воскреснал од мртвите. 2. (прен.) Оживее, обнови нешто. Во своите романи виде можност да ја воскресне сета наша историја. Ќе надојдат спомените и ќе ги воскреснат заборавените ликови. ǁ воскреснува, воскреснуваат несв. ǁ глаг. им. воскреснување ср.