восок
Значење на восок:
1. (само едн.) Жолтеникава материја што ја лачат пчелите и од која прават сот. Да ми донесеш еден кравај восок.
2. Материја од минерално, растително или од животинско потекло што е слична на пчелниот восок.
Множина: восоци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Црвен восок ‒ тврда црвена смола која омекнува при затоплување и служи за запечатување писма и сл.
Оригинални податоци:
восок, мн. восоци м. 1. (само едн.) Жолтеникава материја што ја лачат пчелите и од која прават сот. Да ми донесеш еден кравај восок. 2. Материја од минерално, растително или од животинско потекло што е слична на пчелниот восок. ◊ Црвен восок ‒ тврда црвена смола која омекнува при затоплување и служи за запечатување писма и сл.