воспита
Значење на воспита:
1. Изврши свесно влијание во формирањето на нечија личност (обично на некој помлад), во развивањето на нејзините физички, умствени и морални особини и способности. Тој ги воспитал своите деца во спартански дух.
2. Научи, привикне некого на нешто. Ме воспитале на послушност и трудољубивост. Партијата ги воспитуваше своите членови на борбеност.
Коњугација: воспитаат.
Изведени зборови:
- воспитување, глаг. им. ср.
- се ~ воспита, Се развие, се оформи како личност. Јас сум се воспитувал во градска фамилија. Моите другари се воспитувале во поинакви услови.
- (се) воспитува, глаг. несв. (се) воспитуваат
Оригинални податоци:
воспита, воспитаат св. 1. Изврши свесно влијание во формирањето на нечија личност (обично на некој помлад), во развивањето на нејзините физички, умствени и морални особини и способности. Тој ги воспитал своите деца во спартански дух. 2. Научи, привикне некого на нешто. Ме воспитале на послушност и трудољубивост. Партијата ги воспитуваше своите членови на борбеност. ● се ~ Се развие, се оформи како личност. Јас сум се воспитувал во градска фамилија. Моите другари се воспитувале во поинакви услови. ǁ (се) воспитува, (се) воспитуваат несв. ǁ глаг. им. воспитување ср.