воведе

Глагол, свршен

Значење на воведе:

1. Внесе некого некаде со водење, со придружување. Го воведоа во една сала. Ги воведе во поповата визба. Ги воведуваа коњите на хиподромот.

2. Вклучи, прими некого во определена група, средина и сл. Реши да го воведе во нејзината дружина.

3. Наведе некого на нешто, доведе до некаква состојба. Ѓаволот ги воведува во искушение и грев. Тие настани го вовеле во заблуда и општественото мислење. Често ме воведуваше во спорови.

4. Упати, запознае со нешто. Го воведе во работата. Го вовел во тајните на занаетот. Ќе ве воведам во светот на бајките.

5. а) Воспостави, заведе некаква состојба. Воведе ред. Воведе мир. Воведе правила на однесување. б) Внесе во документ, во програма и сл. Воведе податок. Воведе нов предмет во наставата.

6. Подготви преѓа за ткаење на разбој со воведување на основата во разбојот. Едни продавалки доткај, други воведи.

Конјугација: воведат , воведен, воведете , воведи , воведоа , воведов , вовел , (ќе) воведеа , (ќе) воведев , (ќе) воведел .

Изведени зборови:

  • воведува, глаг. несв. воведуваат
  • воведување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

воведе, воведат; воведи, воведете; воведов, воведоа; вовел; (ќе) воведев, (ќе) воведеа; (ќе) воведел; воведен св. 1. Внесе некого некаде со водење, со придружување. Го воведоа во една сала. Ги воведе во поповата визба. Ги воведуваа коњите на хиподромот. 2. Вклучи, прими некого во определена група, средина и сл. Реши да го воведе во нејзината дружина. 3. Наведе некого на нешто, доведе до некаква состојба. Ѓаволот ги воведува во искушение и грев. Тие настани го вовеле во заблуда и општественото мислење. Често ме воведуваше во спорови. 4. Упати, запознае со нешто. Го воведе во работата. Го вовел во тајните на занаетот. Ќе ве воведам во светот на бајките. 5. а) Воспостави, заведе некаква состојба. Воведе ред. Воведе мир. Воведе правила на однесување. б) Внесе во документ, во програма и сл. Воведе податок. Воведе нов предмет во наставата. 6. Подготви преѓа за ткаење на разбој со воведување на основата во разбојот. Едни продавалки доткај, други воведи. ǁ воведува, воведуваат несв. ǁ глаг. им. воведување ср.