вовлече

Глагол, свршен

Значење на вовлече:

1. Внесе, втера некого некаде со влечење. Жената ме вовлече во куќата. Лисицата ја вовлече кокошката во своето дувло.

2. Стави, вовре нешто некаде. Го вовлекол прстот под коланот. Ја вовлече пушката во една кола.

3. Повлече, собере нешто навнатре. Ја вовлече главата во јакната од шинелата. Вовлечете го стомакот колку што можете.

4. Вдише воздух, чад. Вовлече еден долг дим. Започна да вовлечува воздух.

5. Вклучи, вмеша некого во нешто. Во друштвото го вовлекоа двајца негови пријатели. Го вовлече во разговорот. Ќе го вовлечам во некој грабеж.

Коњугација: вовлекле , вовлекоа , вовлеков , вовлекол , вовлечат , вовлечен, вовлечете , вовлечи , (ќе) вовлечеа , (ќе) вовлечев , (ќе) вовлечел .

Изведени зборови:

  • глаг. несв. (се) вовлечува, (се) вовлечуваат/(се) вовлекува, (се) вовлекуваат
  • се ~ вовлече, 1. Се вовре, се пикне, се смести некаде. Незабележано се вовлековме во спалната. Се вовлеков под покривките. 2. Се облече, се навре, се собере во нешто. Се вовлече во сивото палто. Се напинаше да се вовлече во кренатата јака. 3. (прен.) Навлезе, продре. Чадот од цигарите се вовлечуваше насекаде.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се вовлече во себе ‒ стане недоверлив, се оддели од луѓето.

Оригинални податоци:

вовлече, вовлечат; вовлечи, вовлечете; вовлеков, вовлекоа; вовлекол, вовлекле; (ќе) вовлечев, (ќе) вовлечеа; (ќе) вовлечел; вовлечен св. 1. Внесе, втера некого некаде со влечење. Жената ме вовлече во куќата. Лисицата ја вовлече кокошката во своето дувло. 2. Стави, вовре нешто некаде. Го вовлекол прстот под коланот. Ја вовлече пушката во една кола. 3. Повлече, собере нешто навнатре. Ја вовлече главата во јакната од шинелата. Вовлечете го стомакот колку што можете. 4. Вдише воздух, чад. Вовлече еден долг дим. Започна да вовлечува воздух. 5. Вклучи, вмеша некого во нешто. Во друштвото го вовлекоа двајца негови пријатели. Го вовлече во разговорот. Ќе го вовлечам во некој грабеж. ● се ~ 1. Се вовре, се пикне, се смести некаде. Незабележано се вовлековме во спалната. Се вовлеков под покривките. 2. Се облече, се навре, се собере во нешто. Се вовлече во сивото палто. Се напинаше да се вовлече во кренатата јака. 3. (прен.) Навлезе, продре. Чадот од цигарите се вовлечуваше насекаде. ◊ Се вовлече во себе ‒ стане недоверлив, се оддели од луѓето. ǁ (се) вовлечува, (се) вовлечуваат/(се) вовлекува, (се) вовлекуваат несв. ǁ глаг. им. вовлечување/вовлекување ср.