вовре
Значење на вовре:
Стави, вотне, пикне нешто некаде. Не можеше да ја вовре петлицата во иликата. Ги вовреа главите в снег. Го воврел вратот во гуњата.Коњугација: воврат , вовреа , воврев , воврел , воврен, воврете , воври .
Изведени зборови:
- воврување, глаг. им. ср.
- се ~ вовре, 1. Се пикне, се вотне некаде. Забележа како се вовреа низ честарот. Некој црв се воврел во гнилите штици. 2. (прен.) Навлезе, продре. Во душата ѝ се вовре пријатно чувство. Во гората тихо се вовре мрак.
- (се) воврува, глаг. несв. (се) вовруваат
Оригинални податоци:
вовре, воврат; воври, воврете; воврев, вовреа; воврел; воврен св. Стави, вотне, пикне нешто некаде. Не можеше да ја вовре петлицата во иликата. Ги вовреа главите в снег. Го воврел вратот во гуњата. ● се ~ 1. Се пикне, се вотне некаде. Забележа како се вовреа низ честарот. Некој црв се воврел во гнилите штици. 2. (прен.) Навлезе, продре. Во душата ѝ се вовре пријатно чувство. Во гората тихо се вовре мрак. ǁ (се) воврува, (се) вовруваат несв. ǁ глаг. им. воврување ср.