воздух

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на воздух:

1. Невидлива смеса од гасови, главно азот и кислород, што ја сочинува Земјината атмосфера и што ја вдишуваат живите организми. Длабоко го вдишуваше шумскиот воздух. Надвор ја заплисна свежиот утрински воздух.

2. Отворен, слободен простор, природа. Поседи на воздухот и ќе ти помине. Тебе ти треба воздух и сонце. Појде на воздух.

Фразеолошки израз / поговорка:

Виси во воздух ‒ не е сигурен во нешто. Ѕида кули во воздух ‒ се занесува, се залажува, фантазира. Нема воздух ‒ се задушува.

Оригинални податоци:

воздух (само едн.) м. 1. Невидлива смеса од гасови, главно азот и кислород, што ја сочинува Земјината атмосфера и што ја вдишуваат живите организми. Длабоко го вдишуваше шумскиот воздух. Надвор ја заплисна свежиот утрински воздух. 2. Отворен, слободен простор, природа. Поседи на воздухот и ќе ти помине. Тебе ти треба воздух и сонце. Појде на воздух. ◊ Виси во воздух ‒ не е сигурен во нешто. Ѕида кули во воздух ‒ се занесува, се залажува, фантазира. Нема воздух ‒ се задушува.