вози
Значење на вози:
1. Управува некое превозно средство. Јас го возев големиот камион. Вози чун по езерото.
2. Носи, пренесува некого или нешто со превозно средство; превезува. Со автобусот возам патници и стока преку граница.
3. Оди, се движи, сообраќа (за возило). Автомобилите возеа со голема брзина. Новата кола вози многу убаво.
4. (прен., жарг.) Лаже некого. Почнав да се правдам, да го возам. Веруваа во неговите зборови, иако ги возеше.
Коњугација: возат.
Изведени зборови:
- возење, глаг. им. ср.
- се ~ вози, Се движи, оди, патува со или во/на превозно средство. Се возевме на брод. Се возел во автобус. Се возел со велосипед.
Оригинални податоци:
вози, возат несв. 1. Управува некое превозно средство. Јас го возев големиот камион. Вози чун по езерото. 2. Носи, пренесува некого или нешто со превозно средство; превезува. Со автобусот возам патници и стока преку граница. 3. Оди, се движи, сообраќа (за возило). Автомобилите возеа со голема брзина. Новата кола вози многу убаво. 4. (прен., жарг.) Лаже некого. Почнав да се правдам, да го возам. Веруваа во неговите зборови, иако ги возеше. ● се ~ Се движи, оди, патува со или во/на превозно средство. Се возевме на брод. Се возел во автобус. Се возел со велосипед. ǁ глаг. им. возење ср.