возобнови
Книжевен збор.
Значење на возобнови:
1. Прави нешто разурнато, уништено да го добие првобитниот изглед; обнови. Селаните ја возобновија старата црква. Младите клетки се размножуваат и ги возобновуваат умрените.
2. Започне одново некоја стара, прекината работа. Сакаат да ја возобноват идејата за референдум. Сите селани ги возобновуваа заборавените ниви во планината.
Коњугација: возобноват.
Изведени зборови:
- возобновување, глаг. им. ср.
- се ~ возобнови, 1. Се одржи, се врати во претходна состојба. Целта била да се возобнови кралството. Убавината треба да се возобновува. 2. Прави некој спомен, настан и сл. повторно да се појави. Му се возобнови сликата од дамнешната средба. Во песната се возобновува оплакувањето.
- (се) возобновува, глаг. несв. (се) возобновуваат
Оригинални податоци:
возобнови, возобноват св. (книж.) 1. Прави нешто разурнато, уништено да го добие првобитниот изглед; обнови. Селаните ја возобновија старата црква. Младите клетки се размножуваат и ги возобновуваат умрените. 2. Започне одново некоја стара, прекината работа. Сакаат да ја возобноват идејата за референдум. Сите селани ги возобновуваа заборавените ниви во планината. ● се ~ 1. Се одржи, се врати во претходна состојба. Целта била да се возобнови кралството. Убавината треба да се возобновува. 2. Прави некој спомен, настан и сл. повторно да се појави. Му се возобнови сликата од дамнешната средба. Во песната се возобновува оплакувањето. ǁ (се) возобновува, (се) возобновуваат несв. ǁ глаг. им. возобновување ср.