возраст
Значење на возраст:
1. Временски период од животот, од развојот на човекот. Најрана возраст. Детска возраст. Поодмината возраст. Училишна возраст.
2. Број на години од раѓањето на човекот или создавањето на нешто до определен момент. Беше на иста возраст како покојникот. Во секцијата членуваат лица на различни возрасти. Откривањето на возраста кај одделни народни умотворби е сложен проблем.
Множина: возрасти.
Оригинални податоци:
возраст, мн. возрасти ж. 1. Временски период од животот, од развојот на човекот. Најрана возраст. Детска возраст. Поодмината возраст. Училишна возраст. 2. Број на години од раѓањето на човекот или создавањето на нешто до определен момент. Беше на иста возраст како покојникот. Во секцијата членуваат лица на различни возрасти. Откривањето на возраста кај одделни народни умотворби е сложен проблем.