возвиши

Глагол, свршен

Книжевен збор.

Значење на возвиши:

1. Крене, дигне нешто нагоре. Ја возвиши кротката душа над грешното тело.

2. Високо оцени, даде големо значење на нешто, издигне на висок степен. Ги зголеми и ги возвиши неговите подвизи. Тој ја возвиши и ја зацврсти словенската писменост. Сака да ја возвиши својата личност.

Коњугација: возвишат.

Изведени зборови:

  • возвишување, глаг. им. ср.
  • се ~ возвиши, 1. Се извиши, стои над нешто или некого. На сите им беше јасно колку тој се изделил и се возвишил. 2. Се здобие со повисоки морални вредности. Неговата љубов се возвиши до највисоки мечти и соништа.
  • (се) возвишува, глаг. несв. (се) возвишуваат

Оригинални податоци:

возвиши, возвишат св. (книж.) 1. Крене, дигне нешто нагоре. Ја возвиши кротката душа над грешното тело. 2. Високо оцени, даде големо значење на нешто, издигне на висок степен. Ги зголеми и ги возвиши неговите подвизи. Тој ја возвиши и ја зацврсти словенската писменост. Сака да ја возвиши својата личност. ● се ~ 1. Се извиши, стои над нешто или некого. На сите им беше јасно колку тој се изделил и се возвишил. 2. Се здобие со повисоки морални вредности. Неговата љубов се возвиши до највисоки мечти и соништа. ǁ (се) возвишува, (се) возвишуваат несв. ǁ глаг. им. возвишување ср.