впечаток
Значење на впечаток:
1. Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено; импресија. Добие впечаток. Направи впечаток. Силен впечаток.
2. Влијание, дејство врз чувствата или однесувањето на некого; ефект. Беше под силен впечаток на случајот. Сите беа под впечаток на неуспешната приредба.
3. Мислење, мисла, проценка за некого или нешто. Тој пишува за комплетниот впечаток од драмата. На масата немаше книга за впечатоци.
Множина: впечатоци.
Оригинални податоци:
впечаток, мн. впечатоци м. 1. Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено; импресија. Добие впечаток. Направи впечаток. Силен впечаток. 2. Влијание, дејство врз чувствата или однесувањето на некого; ефект. Беше под силен впечаток на случајот. Сите беа под впечаток на неуспешната приредба. 3. Мислење, мисла, проценка за некого или нешто. Тој пишува за комплетниот впечаток од драмата. На масата немаше книга за впечатоци.