впива
Значење на впива:
1. Прима течност. Капките што се цедеа песокта веднаш ги впиваше.
2. Силно притиска, прилепува нешто во друго нешто. Нејзината рака грчевито ги впиваше прстите во мојата.
3. (прен.) Усвојува, памети, прима во себе. Чувствува дека ја впива таа мелодија. Секоја информација ја впивале со огромна желба.
Коњугација: впиваа , впиваат , впивав , впивај , впивајќи, впивајте , впивал , впиван .
Изведени зборови:
- впивање, глаг. им. ср.
- се ~ впива, Се пробива, продира, навлегува само од себе. кон зн. 1, 2 и 3.
Фразеолошки израз / поговорка:
(Се) впива поглед (очи) ‒ гледа напрегнато, проникнувачки во некого или во нешто.
Оригинални податоци:
впива, впиваат; впивај, впивајте; впивав, впиваа; впивал; впиван; впивајќи несв. 1. Прима течност. Капките што се цедеа песокта веднаш ги впиваше. 2. Силно притиска, прилепува нешто во друго нешто. Нејзината рака грчевито ги впиваше прстите во мојата. 3. (прен.) Усвојува, памети, прима во себе. Чувствува дека ја впива таа мелодија. Секоја информација ја впивале со огромна желба. ● се ~ Се пробива, продира, навлегува само од себе. кон зн. 1, 2 и 3. ◊ (Се) впива поглед (очи) ‒ гледа напрегнато, проникнувачки во некого или во нешто. ǁ глаг. им. впивање ср.