вплете

Глагол, свршен

Значење на вплете:

1. Додаде, вметне нешто со плетење. Во чорапчињата вплете неколку разнобојни нишки.

2. Преплете едно со друго. Борачите си ги вплетоа прстите.

3. (прен.) вплетка 2.

Коњугација: вплел , вплетат , вплетен, вплетете , вплети , вплетоа , вплетов , (ќе) вплетеа , (ќе) вплетев , (ќе) вплетел .

Изведени зборови:

  • вплетување, глаг. им. ср.
  • се ~ вплете, 1. Се заплетка во нешто. Кученцето, преплашено, се вплете во неговите нозе. Прстите му се вплетуваа во долгата црна коса. 2. (прен.) Се вмеша, продре. Во караницата одвреме навреме ќе се вплетеше и говор на луѓе.
  • (се) вплетува, глаг. несв. (се) вплетуваат

Оригинални податоци:

вплете, вплетат; вплети, вплетете; вплетов, вплетоа; вплел; (ќе) вплетев, (ќе) вплетеа; (ќе) вплетел; вплетен св. 1. Додаде, вметне нешто со плетење. Во чорапчињата вплете неколку разнобојни нишки. 2. Преплете едно со друго. Борачите си ги вплетоа прстите. 3. (прен.) в. вплетка 2. ● се ~ 1. Се заплетка во нешто. Кученцето, преплашено, се вплете во неговите нозе. Прстите му се вплетуваа во долгата црна коса. 2. (прен.) Се вмеша, продре. Во караницата одвреме навреме ќе се вплетеше и говор на луѓе. ǁ (се) вплетува, (се) вплетуваат несв. ǁ глаг. им. вплетување ср.