вплетка

Глагол, свршен

Значење на вплетка:

1. Заплетка нешто. Еден сколовранец беше си ја вплеткал ногата во мрежата на една лоза.

2. (прен.) Замеша во нешто. Сите ги вплетка во своите махинации. Острите забелешки го вплеткаа и директорот во дискусијата.

Коњугација: вплеткаат.

Изведени зборови:

  • вплеткување, глаг. им. ср.
  • се ~ вплетка, 1. Се заплетка во нешто. Бубачката се вплетка во густата пајажина. 2. (прен.) Се замеша во нешто. Милиционерот се вплеткуваше во расправијата меѓу приведените во станицата.
  • (се) вплеткува, глаг. несв. (се) вплеткуваат

Оригинални податоци:

вплетка, вплеткаат св. 1. Заплетка нешто. Еден сколовранец беше си ја вплеткал ногата во мрежата на една лоза. 2. (прен.) Замеша во нешто. Сите ги вплетка во своите махинации. Острите забелешки го вплеткаа и директорот во дискусијата. ● се ~ 1. Се заплетка во нешто. Бубачката се вплетка во густата пајажина. 2. (прен.) Се замеша во нешто. Милиционерот се вплеткуваше во расправијата меѓу приведените во станицата. ǁ (се) вплеткува, (се) вплеткуваат несв. ǁ глаг. им. вплеткување ср.