впушти се

Глагол, свршен

Значење на впушти се:

1. Се стрчне силно, брзо. Кучето силно залаја и му се впушти на зајакот. Полицајците се впуштија накај шумата, мислејќи дека сум таму скриен.

2. (прен.) Навлезе во некаков чин, во вршењето на некое дејство. Тој не сакаше да се впушти во разговор. Ме предупреди да не се впуштам во кавга. Пеј си ја песната на еден глас и не впуштај се во разни извивања.

Коњугација: се впуштат.

Изведени зборови:

  • се впушта, глаг. несв. се впуштаат

Оригинални податоци:

впушти се, се впуштат св. 1. Се стрчне силно, брзо. Кучето силно залаја и му се впушти на зајакот. Полицајците се впуштија накај шумата, мислејќи дека сум таму скриен. 2. (прен.) Навлезе во некаков чин, во вршењето на некое дејство. Тој не сакаше да се впушти во разговор. Ме предупреди да не се впуштам во кавга. Пеј си ја песната на еден глас и не впуштај се во разни извивања. ǁ се впушта, се впуштаат несв.