враг
Значење на враг:
1. Според верските претстави, натприродно суштество што е олицетворение на злото; ѓавол, сатана.
2. Непријател, противник. На повидок е врагот, постројте ја војската. Цел еден век како врази се меркавме.
3. (прен.) Итар, духовит човек. Враг беше стариот, а и часовите умееше да ги направи многу интересни. Често се случуваше некој од тие врази да измисли некоја игра.
Множина: врагови.
Алтернативно: врази
Изведени зборови:
- враже, и. ср. мн. вражиња ; вражуле, мн. вражулиња дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Враг(от) да (го) земе ‒ се вели кога ќе се западне во неволја. Да (го) носи врагот ‒ нека оди по ѓаволите.
Оригинални податоци:
враг, мн. врагови и врази м. 1. Според верските претстави, натприродно суштество што е олицетворение на злото; ѓавол, сатана. 2. Непријател, противник. На повидок е врагот, постројте ја војската. Цел еден век како врази се меркавме. 3. (прен.) Итар, духовит човек. Враг беше стариот, а и часовите умееше да ги направи многу интересни. Често се случуваше некој од тие врази да измисли некоја игра. ◊ Враг(от) да (го) земе ‒ се вели кога ќе се западне во неволја. Да (го) носи врагот ‒ нека оди по ѓаволите. ǁ враже, мн. вражиња ср.; вражуле, мн. вражулиња ср. дем.