врат
Значење на врат:
1. (анат.) Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот. Таа си играше со свирчето што ѝ висеше на вратот. Гуските ги издолжуваа вратовите.
2. (прен.) Стеснет дел на некој предмет (на стомна, на виолина и др.), обично што може да се префати со рака.
Множина: вратови.
Изведени зборови:
- вратче, и. ср. хип. и дем. ◊ Ќе ти го скинам вратчето како на врапче ‒ закана.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ме (те, го...) зеде на врат ‒ го упропасти, го вовлече во неволја. Ми (ти, му...) седи на врат ‒ го контролира, надгледува. Ми (ти, му...) се симна некој (нешто) од вратот ‒ престана да се грижи за некого или за нешто. На врат на нос ‒ набрзина, како било. Крши врат(от) ‒ замина, отиде некаде. Не по врат, по шија ‒ тоа е едно исто. На волкот му е дебел вратот зашто сам си ја врши работата (посл.)
Оригинални податоци:
врат, мн. вратови м. 1. (анат.) Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот. Таа си играше со свирчето што ѝ висеше на вратот. Гуските ги издолжуваа вратовите. 2. (прен.) Стеснет дел на некој предмет (на стомна, на виолина и др.), обично што може да се префати со рака. ◊ Ме (те, го...) зеде на врат ‒ го упропасти, го вовлече во неволја. Ми (ти, му...) седи на врат ‒ го контролира, надгледува. Ми (ти, му...) се симна некој (нешто) од вратот ‒ престана да се грижи за некого или за нешто. На врат на нос ‒ набрзина, како било. Крши врат(от) ‒ замина, отиде некаде. Не по врат, по шија ‒ тоа е едно исто. На волкот му е дебел вратот зашто сам си ја врши работата (посл.) ǁ вратче, мн. вратчиња ср. хип. и дем. ◊ Ќе ти го скинам вратчето како на врапче ‒ закана.