врата
Значење на врата:
1. Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др. Потропа на вратата од одајчето. Излегува и ја треснува вратата. Чкртна со вратата. Влезна врата. Еднокрилна врата. Двокрилна врата. Споредна врата.
2. Отворот низ кој се влегува и излегува. Застана на вратата од пондилата.
3. Пола, крило од мебел. Врата на шкаф.
4. (геогр.) Тесен премин во планински крај, на река, на море; теснец.
Множина: врати.
Изведени зборови:
- вратиче, и. ж. мн. вратичиња ср.; вратичка, мн. вратички дем.
- вратиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Влегува на голема врата ‒ без стеснување, во полн залет, со сета сила, сите да знаат и да разберат. Влегува на мала врата ‒ постигнува нешто по заобиколен, нередовен пат. Му ја покажа вратата ‒ истера некого. Зад затворена врата ‒ без присуство на јавноста. Ние за волкот, а волкот на врата ‒ се кажува за некој што се појавува во моментот кога се зборува за него.
Оригинални податоци:
врата, мн. врати ж. 1. Направа што затвора или отвора некој отвор низ кој се влегува и излегува од соба, куќа, двор, градина и др. Потропа на вратата од одајчето. Излегува и ја треснува вратата. Чкртна со вратата. Влезна врата. Еднокрилна врата. Двокрилна врата. Споредна врата. 2. Отворот низ кој се влегува и излегува. Застана на вратата од пондилата. 3. Пола, крило од мебел. Врата на шкаф. 4. (геогр.) Тесен премин во планински крај, на река, на море; теснец. ◊ Влегува на голема врата ‒ без стеснување, во полн залет, со сета сила, сите да знаат и да разберат. Влегува на мала врата ‒ постигнува нешто по заобиколен, нередовен пат. Му ја покажа вратата ‒ истера некого. Зад затворена врата ‒ без присуство на јавноста. Ние за волкот, а волкот на врата ‒ се кажува за некој што се појавува во моментот кога се зборува за него. ǁ вратиче, мн. вратичиња ср.; вратичка, мн. вратички ж. дем. ǁ вратиште, мн. вратишта ср. аугм.