врати

Глагол, свршен

Значење на врати:

1. Даде назад нешто што е земено, грабнато. Врати заем. Врати пари. Врати долг. Ни го врати тоа што е наше.

2. Натера некого да си оди назад од каде што е дојден. Ми рече дека ќе ме врати дома.

3. Одговори. Врати ми одговор на писмото. Тој тивко врати: Не ми е жал за калинките, синко. Не – му врати таа тврдо и решително.

4. Добие повторно нешто што се имало, што е изгубено. Му ја врати свеста. Ја врати радоста во нашата куќа. Го врати минатото. Вие, деца, ме вративте, заради вас ќе поживеам.

5. Одмазди, возврати некому со некоја постапка, со удар и сл. Сега ќе ѝ вратам за сè што ми згреши.

6. Одбие нешто. Го замолија, но тој ги врати. Ги вратиле нивните стројници.

Коњугација: вратат.

Изведени зборови:

  • враќа, глаг. несв. враќаат
  • враќање, глаг. им. ср.
  • се ~ врати, 1. Се појави, дојде повторно на местото од каде што тргнал. Лазејќи, пак се врати во постелата. Се врати од фронт. Родителите ме оставија и се вратија дома. 2. (прен.) Се наврати, се потсети, обнови. Заедно се вративме на некои стари спомени. Да ѝ се вратам на науката. По лекувањето, говорот му се врати. На Струга ѝ се врати спокојот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да ти се врати ‒ како одговор за добри желби.

Оригинални податоци:

врати, вратат св. 1. Даде назад нешто што е земено, грабнато. Врати заем. Врати пари. Врати долг. Ни го врати тоа што е наше. 2. Натера некого да си оди назад од каде што е дојден. Ми рече дека ќе ме врати дома. 3. Одговори. Врати ми одговор на писмото. Тој тивко врати: Не ми е жал за калинките, синко. Не – му врати таа тврдо и решително. 4. Добие повторно нешто што се имало, што е изгубено. Му ја врати свеста. Ја врати радоста во нашата куќа. Го врати минатото. Вие, деца, ме вративте, заради вас ќе поживеам. 5. Одмазди, возврати некому со некоја постапка, со удар и сл. Сега ќе ѝ вратам за сè што ми згреши. 6. Одбие нешто. Го замолија, но тој ги врати. Ги вратиле нивните стројници. ● се ~ 1. Се појави, дојде повторно на местото од каде што тргнал. Лазејќи, пак се врати во постелата. Се врати од фронт. Родителите ме оставија и се вратија дома. 2. (прен.) Се наврати, се потсети, обнови. Заедно се вративме на некои стари спомени. Да ѝ се вратам на науката. По лекувањето, говорот му се врати. На Струга ѝ се врати спокојот. ◊ Да ти се врати ‒ како одговор за добри желби. ǁ враќа, враќаат несв. ǁ глаг. им. враќање ср.