врав
Значење на врав:
1. Снопови жито послани на гумно за вршидба. Втераа во секој врав по пет-шест коњи, та до пладнина беа извадени сите три вравови.
2. (прен.) Што личи на врав, растурено, неуредно место. Што е ова под масата, вистински врав.
Множина: вравови.
Оригинални податоци:
врав, мн. вравови м. 1. Снопови жито послани на гумно за вршидба. Втераа во секој врав по пет-шест коњи, та до пладнина беа извадени сите три вравови. 2. (прен.) Што личи на врав, растурено, неуредно место. Што е ова под масата, вистински врав.