врба

Именка, женски род

Ботаника.

Значење на врба:

Листопадно дрво или грмушка од таа фамилија што расте крај вода или на влажна почва; Salix. Од врбите капеше слатка мана. Над реката врби никнат. Врба на речниот брег.

Множина: врби.

Изведени зборови:

  • врбичка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жална (плачна) врба ‒ вид врба со долги спуштени, виснати гранки; Salix babylonica.

Оригинални податоци:

врба, мн. врби ж. (бот.) Листопадно дрво или грмушка од таа фамилија што расте крај вода или на влажна почва; Salix. Од врбите капеше слатка мана. Над реката врби никнат. Врба на речниот брег. ◊ Жална (плачна) врба ‒ вид врба со долги спуштени, виснати гранки; Salix babylonica. ǁ врбичка, мн. врбички ж. дем.