вреди

Глагол, несвршен

Значење на вреди:

1. Има утврдена цена, чини. Еден прстен пари вреди.

2. Има вредност, важност. Вашата личност зар не вреди ништо? Оваа награда вреди.

3. Користи, треба за нешто. Добрата надеж вреди повеќе од лошиот ум. Вредело да се дојде.

Коњугација: вредат.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пет пари не вреди ‒ не вреди за ништо. Злато вреди ‒ има голема вредност, корисен е. Не вреди да се заколе вол за кило месо ‒ не треба да се направи голема штета за мала корист.

Оригинални податоци:

вреди, вредат несв. 1. Има утврдена цена, чини. Еден прстен пари вреди. 2. Има вредност, важност. Вашата личност зар не вреди ништо? Оваа награда вреди. 3. Користи, треба за нешто. Добрата надеж вреди повеќе од лошиот ум. Вредело да се дојде. ◊ Пет пари не вреди ‒ не вреди за ништо. Злато вреди ‒ има голема вредност, корисен е. Не вреди да се заколе вол за кило месо ‒ не треба да се направи голема штета за мала корист.