време

Именка, среден род

Значење на време:

1. (само едн., филоз.) Една од двете (покрај просторот) основни форми на постоење на материјата. Времето и просторот се двете форми на постоење на материјалниот свет. Времето не може да запре.

2. (само едн.) Траење на нешто што се случува или што постои (мерено со секунди, минути, часови, денови итн.). Ти давам време за починка. Малку време се врткаше околу куќа. По некое време тој изби во првиот ред на групата.

3. Соодветен период, рок во којшто треба нешто да се збидне. Остарел пред време. Дојде време за земање. Не е време за дождови. Време е да се кренат, да се побунат. Жени се, времето ти поминало! 4. Период од историјата, период поврзан со името на некоја личност. Време на учебникарството. Пагански времиња. Во времето на цар Соломон. Апостолско време.

4. Доба; период од денот, од годината. Ноќно време. Пролетно време. Летно веме. Време на дождови.

5. Метеоролошка состојба. Времето се смрачи, заврна. Лапавичаво време. Ведро време. Времето е ветровито, студено, променливо. Времето беше суво.

6. (грам.) Граматичка категорија со која се определува глаголското дејство во однос на моментот на говорењето. Минато време. Сегашно време. Идно време.

7. (спорт.) Резултат во некои спортски дисциплини. Маратонците постигнаа одлично време.

Множина: времиња.

Изведени зборови:

  • временски, прид. временскиот
  • временце, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Без време ‒ мошне рано, предвреме. Губи време ‒ прави нешто залудно. Во старо време ‒ далеку во минатото, многу одамна. Мое (твое, негово) време ‒ на мои години, на моја младост. Тешко време ‒ тежок живот. Кучешко време ‒ многу студено време. Ниедно (никое) време ‒ многу доцна во ноќта. Едно време ‒ некогаш, одамна. За вечни времиња ‒ засекогаш. Кое време е? ‒ (разг.) колку е часот? На времето ‒ некогаш, многу одамна. Од време ‒ од некогаш, од многу одамна. Во прво време ‒ на почетокот. Работно време ‒ задолжителни работни часови. Од време на време ‒ понекогаш, повремено. Ме (те, го ...) прегази времето ‒ станал застарен, несовремен. Време слама продава ‒ за сè има погодно време, после може да биде доцна.

Оригинални податоци:

време, мн. времиња ср. 1. (само едн., филоз.) Една од двете (покрај просторот) основни форми на постоење на материјата. Времето и просторот се двете форми на постоење на материјалниот свет. Времето не може да запре. 2. (само едн.) Траење на нешто што се случува или што постои (мерено со секунди, минути, часови, денови итн.). Ти давам време за починка. Малку време се врткаше околу куќа. По некое време тој изби во првиот ред на групата. 3. Соодветен период, рок во којшто треба нешто да се збидне. Остарел пред време. Дојде време за земање. Не е време за дождови. Време е да се кренат, да се побунат. Жени се, времето ти поминало! 4. Период од историјата, период поврзан со името на некоја личност. Време на учебникарството. Пагански времиња. Во времето на цар Соломон. Апостолско време. 5. Доба; период од денот, од годината. Ноќно време. Пролетно време. Летно веме. Време на дождови. 6. Метеоролошка состојба. Времето се смрачи, заврна. Лапавичаво време. Ведро време. Времето е ветровито, студено, променливо. Времето беше суво. 7. (грам.) Граматичка категорија со која се определува глаголското дејство во однос на моментот на говорењето. Минато време. Сегашно време. Идно време. 8. (спорт.) Резултат во некои спортски дисциплини. Маратонците постигнаа одлично време. ◊ Без време ‒ мошне рано, предвреме. Губи време ‒ прави нешто залудно. Во старо време ‒ далеку во минатото, многу одамна. Мое (твое, негово) време ‒ на мои години, на моја младост. Тешко време ‒ тежок живот. Кучешко време ‒ многу студено време. Ниедно (никое) време ‒ многу доцна во ноќта. Едно време ‒ некогаш, одамна. За вечни времиња ‒ засекогаш. Кое време е? ‒ (разг.) колку е часот? На времето ‒ некогаш, многу одамна. Од време ‒ од некогаш, од многу одамна. Во прво време ‒ на почетокот. Работно време ‒ задолжителни работни часови. Од време на време ‒ понекогаш, повремено. Ме (те, го ...) прегази времето ‒ станал застарен, несовремен. Време слама продава ‒ за сè има погодно време, после може да биде доцна. ǁ временце ср. дем. и хип. ǁ временски, временскиот прид.