вресне

Глагол, свршен

Значење на вресне:

1. Силно спишти, писне со продорен глас. Се удри од креветот и вресна.

2. Свика, со вресок се обрати некому. Мајката вресна: – Деца мои! Вресна клетиот човек на селаните.

3. За животно (коза) – испрекинато испушти глас, се огласи. Вресна јарето.

Коњугација: вреснаа , вреснав , вреснал , вреснат , вреснат , вреснете , вресни , (ќе) вреснеа , (ќе) вреснев , (ќе) вреснел.

Изведени зборови:

  • вреснува, глаг. повт. вреснуваат
  • вреснување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

вресне, вреснат; вресни, вреснете; вреснав, вреснаа; вреснал; вреснат; (ќе) вреснев, (ќе) вреснеа; (ќе) вреснел св. 1. Силно спишти, писне со продорен глас. Се удри од креветот и вресна. 2. Свика, со вресок се обрати некому. Мајката вресна: – Деца мои! Вресна клетиот човек на селаните. 3. За животно (коза) – испрекинато испушти глас, се огласи. Вресна јарето. ǁ вреснува, вреснуваат повт. ǁ глаг. им. вреснување ср.