вретено
Значење на вретено:
1. Дрвено заоблено стапче што е подебело на средината, а зашилено на краевите, на кое се намотува преѓа при предење. Преде со дабово вретено.
2. Мерка за предено. Пет вретена. Неколку вретена предено.
3. Дрвен или метален валјак што се врти околу својата оска, а се поставува во воденица, млин, валалница и сл. Воденичко вретено.
Множина: вретена.
Изведени зборови:
- вретенце, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
вретено, мн. вретена ср. 1. Дрвено заоблено стапче што е подебело на средината, а зашилено на краевите, на кое се намотува преѓа при предење. Преде со дабово вретено. 2. Мерка за предено. Пет вретена. Неколку вретена предено. 3. Дрвен или метален валјак што се врти околу својата оска, а се поставува во воденица, млин, валалница и сл. Воденичко вретено. ǁ вретенце ср. дем.