вреже

Глагол, свршен

Значење на вреже:

Со остар предмет засече, издлаби нешто во тврд предмет. Ги врежаа имињата во карпата. Ги врежа буквите.

Коњугација: врежаа , врежав , врежал , врежан , врежат , врежен, врежете , врежи , (ќе) врежеа , (ќе) врежев , (ќе) врежел .

Изведени зборови:

  • врежување, глаг. им. ср.
  • се ~ вреже, (прен.) Добро запамети. Ми се врежа во сеќавањето. Неговиот лик се врежа во историјата.
  • (се) врежува, глаг. несв. (се) врежуваат

Оригинални податоци:

вреже, врежат; врежи, врежете; врежав, врежаа; врежал; врежан; (ќе) врежев, (ќе) врежеа; (ќе) врежел; врежен св. Со остар предмет засече, издлаби нешто во тврд предмет. Ги врежаа имињата во карпата. Ги врежа буквите. ● се ~ (прен.) Добро запамети. Ми се врежа во сеќавањето. Неговиот лик се врежа во историјата. ǁ (се) врежува, (се) врежуваат несв. ǁ глаг. им. врежување ср.