врие
Значење на врие:
1. За течност ‒ клокоти, се меша под дејство на висока температура. Донесете ги котлите со масло што врие. Лонец вода врие.
2. Се вари во зовриена вода. Пастрма вриеше во котел поставен на оган. Врие гравот за ручек.
3. Преврива, ферментира, трпи хемиска реакција. Комињето врие.
4. Има движење на множество луѓе без ред, вријавец од луѓе. На Ат-пазар вриеше како во кошница. Чаршијата врие од луѓе.
5. Преполн е со нешто, има многу. Косата му врие од вошки. Нашите плевни вријат од змии.
6. (прен.) Се наоѓа во еуфорична состојба, возбуден е, вознемирен е, со силни чувства. Во жилите вриеше топлината на виното. Во тие луѓе вријат и крвта и разумот. Момчето вриеше од лутина. Вријат од бес.
Коњугација: , вриев , вриеја , вриејќи , вриел , вриен , вриј , вријат , вријте .
Изведени зборови:
- вриење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
врие, вријат; вриј, вријте; вриев, вриеја; вриел; вриен; вриејќи; несв. 1. За течност ‒ клокоти, се меша под дејство на висока температура. Донесете ги котлите со масло што врие. Лонец вода врие. 2. Се вари во зовриена вода. Пастрма вриеше во котел поставен на оган. Врие гравот за ручек. 3. Преврива, ферментира, трпи хемиска реакција. Комињето врие. 4. Има движење на множество луѓе без ред, вријавец од луѓе. На Ат-пазар вриеше како во кошница. Чаршијата врие од луѓе. 5. Преполн е со нешто, има многу. Косата му врие од вошки. Нашите плевни вријат од змии. 6. (прен.) Се наоѓа во еуфорична состојба, возбуден е, вознемирен е, со силни чувства. Во жилите вриеше топлината на виното. Во тие луѓе вријат и крвта и разумот. Момчето вриеше од лутина. Вријат од бес. ǁ глаг. им. вриење ср.