врне
Значење на врне:
1. Паѓа дожд, снег. Пред железничката станица почна да врне. Оваа есен цело време врне.
2. За дожд ‒ наврнува некого, нешто. Ајде, влегувај дома, дождот да не те врне!
Коњугација: врна , врнаа , врнал , врнат, врнат , врнеа , врнејќи , врнел , врнет , врнеше .
Изведени зборови:
- врнење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Врне, грми, патот врви ‒ и во добри и во лоши услови патот/работата тече. Ако не врне, ќе капне ‒ ако нема многу, нешто сепак ќе се заработи.
Оригинални податоци:
врне, врнат; врнеше, врнеа; врнел; врнет; врнејќи; мин. св. врна; врнаа; врнал; врнат несв. само 3. л. 1. Паѓа дожд, снег. Пред железничката станица почна да врне. Оваа есен цело време врне. 2. За дожд ‒ наврнува некого, нешто. Ајде, влегувај дома, дождот да не те врне! ◊ Врне, грми, патот врви ‒ и во добри и во лоши услови патот/работата тече. Ако не врне, ќе капне ‒ ако нема многу, нешто сепак ќе се заработи. ǁ глаг. им. врнење ср.