врска 1

Именка, женски род

Значење на врска:

1. Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно. Врска клучеви. Врска млад лук.

2. Сооднос, зависност меѓу предмети и појави. Врска меѓу теоријата и практиката. Врска меѓу квалитетот и цената на производот.

3. Општење, контакт меѓу две или повеќе страни. Врска со народот. Трговски врски. Врска со странство.

4. Однос меѓу лица. Роднинска врска. Пријателска врска. Љубовна врска.

5. Систем од технички средства и организација за комуникација. Железничка врска. Авионска врска. Телефонска врска. Сателитска врска.

6. Лице што пренесува соопштенија, наредби, пораки и сл. Тој бил врска со штабот.

7. (разг., обично во мн.) Познанство, пријателство што донесува полза. Тој секаде има врски. Влегол на работа со врски.

Множина: врски.

Фразеолошки израз / поговорка:

Без врска ‒ 1. (жарг.) глупости. 2. несврзано, неповрзано. Во врска со тоа ‒ по повод на тоа. Нема врска ‒ 1. не е важно, сеедно е. 2. (жарг.) глупости.

Оригинални податоци:

врска1, мн. врски ж. 1. Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно. Врска клучеви. Врска млад лук. 2. Сооднос, зависност меѓу предмети и појави. Врска меѓу теоријата и практиката. Врска меѓу квалитетот и цената на производот. 3. Општење, контакт меѓу две или повеќе страни. Врска со народот. Трговски врски. Врска со странство. 4. Однос меѓу лица. Роднинска врска. Пријателска врска. Љубовна врска. 5. Систем од технички средства и организација за комуникација. Железничка врска. Авионска врска. Телефонска врска. Сателитска врска. 6. Лице што пренесува соопштенија, наредби, пораки и сл. Тој бил врска со штабот. 7. (разг., обично во мн.) Познанство, пријателство што донесува полза. Тој секаде има врски. Влегол на работа со врски. ◊ Без врска ‒ 1. (жарг.) глупости. 2. несврзано, неповрзано. Во врска со тоа ‒ по повод на тоа. Нема врска ‒ 1. не е важно, сеедно е. 2. (жарг.) глупости.