врсник

Именка, машки род

Значење на врсник:

Лице што е на иста врст, што е родено во иста година или е од приближно иста возраст со некого. Јас и моите врсници учевме шест дена во неделата.

Множина: врсници.

Изведени зборови:

  • врсниче, и. ср. дем.
  • врсничка, и. ж.

Оригинални податоци:

врсник, мн. врсници м. Лице што е на иста врст, што е родено во иста година или е од приближно иста возраст со некого. Јас и моите врсници учевме шест дена во неделата. ǁ врсничка, мн. врснички ж. ǁ врсниче, мн. врсничиња ср. дем.