врти
Значење на врти:
1. Доведува нешто во кружно движење. Грнчарот го вртеше колцето со нога. Врти клуч да отклучи. Врти сврдел. Врти волан.
2. Менува правец, се движи, оди на некоја страна, околу нешто. Тие таму вртат за дома. Патот врти на неколку места. Орелот врти над карпите.
3. а) Менува положба. Врти глава. Врти поглед. Врти со очите наваму-натаму. б) Мести, поставува на обратната страна, превртува (месо, палачинка и сл.).
4. Прелистува страници. Ги вртат листовите од тефтерите за вересиите. Ги врти страниците од книгата.
5. Пренасочува некого во дејствување, во однесување, во разговор и сл. Го врти на прав пат.
6. а) (прен., разг.) Работи, стопанисува, се занимава со нешто. Врти дуќан. Врти трговија. Врти куќа. б) Вложува пари во трговски и други зделки. Врти големи пари. Во таа работа вртат голем капитал.
7. (прен.) Чувствува болка. Ме врти коленото. Го вртат коските.
8. (прен.) Искривува, изопачува факт, смисла. Ги врти зборовите како што му одговара.
9. (прен., разг.) Лаже, мами. Таа го врти како што сака.
10. (прен.) Непотребно задржува, вртка некого. Немој да ме вртиш, имам работа.
Коњугација: вртат.
Изведени зборови:
- вртење, глаг. им. ср.
- се ~ врти, 1. а) Се движи во круг околу оската. Колцето се врти. б) Се движи околу нешто. Се врти околу црквата. 2. Се насочува на некоја страна. Се вртат накај сонцето. Се врти на другата страна. 3. Немирно седи, лежи. Само се врти, не може да заспие. 4. (прен.) Се менува, не е постојан. Смеата се врти на плачка. 5. (прен.) За расправа, разговор ‒ се води околу нешто. Расправата се врти околу платите. Разговорот се врти околу распределбата на становите. 6. (прен.) Го поминува времето, обично се наоѓа, е некаде. По цел ден се врти во дуќанот. Тој таму не се врти, ретко наминува. 7. (прен.) Се вртка, се задржува непотребно. Ај да не се вртиме повеќе, да одиме веќе.
Фразеолошки израз / поговорка:
Врти грб ‒ остава на цедило, се откаже од некого. Врти пари ‒ штеди, не троши неразумно. Врти душа ‒ жив е. Се врти каде што дува ветрот ‒ се приспособува кон нешто; си го менува мислењето. Ми (ти, му ...) се врти во главата ‒ мисли на нешто, размислува упорно за нешто. Врти-сучи ‒ не кажува веднаш што сака, ами обиколува.
Оригинални податоци:
врти, вртат несв. 1. Доведува нешто во кружно движење. Грнчарот го вртеше колцето со нога. Врти клуч да отклучи. Врти сврдел. Врти волан. 2. Менува правец, се движи, оди на некоја страна, околу нешто. Тие таму вртат за дома. Патот врти на неколку места. Орелот врти над карпите. 3. а) Менува положба. Врти глава. Врти поглед. Врти со очите наваму-натаму. б) Мести, поставува на обратната страна, превртува (месо, палачинка и сл.). 4. Прелистува страници. Ги вртат листовите од тефтерите за вересиите. Ги врти страниците од книгата. 5. Пренасочува некого во дејствување, во однесување, во разговор и сл. Го врти на прав пат. 6. а) (прен., разг.) Работи, стопанисува, се занимава со нешто. Врти дуќан. Врти трговија. Врти куќа. б) Вложува пари во трговски и други зделки. Врти големи пари. Во таа работа вртат голем капитал. 7. (прен.) Чувствува болка. Ме врти коленото. Го вртат коските. 8. (прен.) Искривува, изопачува факт, смисла. Ги врти зборовите како што му одговара. 9. (прен., разг.) Лаже, мами. Таа го врти како што сака. 10. (прен.) Непотребно задржува, вртка некого. Немој да ме вртиш, имам работа. ● се ~ 1. а) Се движи во круг околу оската. Колцето се врти. б) Се движи околу нешто. Се врти околу црквата. 2. Се насочува на некоја страна. Се вртат накај сонцето. Се врти на другата страна. 3. Немирно седи, лежи. Само се врти, не може да заспие. 4. (прен.) Се менува, не е постојан. Смеата се врти на плачка. 5. (прен.) За расправа, разговор ‒ се води околу нешто. Расправата се врти околу платите. Разговорот се врти околу распределбата на становите. 6. (прен.) Го поминува времето, обично се наоѓа, е некаде. По цел ден се врти во дуќанот. Тој таму не се врти, ретко наминува. 7. (прен.) Се вртка, се задржува непотребно. Ај да не се вртиме повеќе, да одиме веќе. ◊ Врти грб ‒ остава на цедило, се откаже од некого. Врти пари ‒ штеди, не троши неразумно. Врти душа ‒ жив е. Се врти каде што дува ветрот ‒ се приспособува кон нешто; си го менува мислењето. Ми (ти, му ...) се врти во главата ‒ мисли на нешто, размислува упорно за нешто. Врти-сучи ‒ не кажува веднаш што сака, ами обиколува. ǁ глаг. им. вртење ср.