вртка
Значење на вртка:
1. Усукува предено со врткање на вретено.
2. (прен.) Задржува некого без потреба. Не врткајте ме, имам работа.
3. (прен.) Чува, има нешто во мал број, во мало количество. Овчарот врткаше по некоја овца.
Коњугација: врткаат.
Изведени зборови:
- врткање, глаг. им. ср.
- се ~ вртка, 1. Се задржува некаде без потреба, се мотка. Не врткај се таму, веднаш врати се. 2. Работи по нешто, го поминува времето работејќи нешто. По цел ден се вртка во кујната. Се вртка низ куќа. 3. Наминува некаде, го минува времето во разговор, во игра и сл. Попладне се врткаме во клубот.
Оригинални податоци:
вртка, врткаат несв. 1. Усукува предено со врткање на вретено. 2. (прен.) Задржува некого без потреба. Не врткајте ме, имам работа. 3. (прен.) Чува, има нешто во мал број, во мало количество. Овчарот врткаше по некоја овца. ● се ~ 1. Се задржува некаде без потреба, се мотка. Не врткај се таму, веднаш врати се. 2. Работи по нешто, го поминува времето работејќи нешто. По цел ден се вртка во кујната. Се вртка низ куќа. 3. Наминува некаде, го минува времето во разговор, во игра и сл. Попладне се врткаме во клубот. ǁ глаг. им. врткање ср.