врв
Значење на врв:
1. Највисок дел од нешто што се издигнува во височина. Планински врв. Врв на карпа. Врв на дрво.
2. Краен, тенок, заострен дел од предмет. Врв на сабјата. Иглен врв. Го истри врвот на кларинетот.
3. Горен, преден, поиздаден, повисок дел од нешто. Врв на скалите.
4. (прен.) Највисок дострел, постигање, пројава на нешто. До кои врвови се искачила литературата за деца! 5. (прен.) Највисока положба, степен во некоја хиерархија. Се наоѓа на врвот во армијата.
Множина: врвови.
Фразеолошки израз / поговорка:
На врв на јазикот ‒ не може да се сети на нешто во моментот.
Оригинални податоци:
врв, мн. врвови м. 1. Највисок дел од нешто што се издигнува во височина. Планински врв. Врв на карпа. Врв на дрво. 2. Краен, тенок, заострен дел од предмет. Врв на сабјата. Иглен врв. Го истри врвот на кларинетот. 3. Горен, преден, поиздаден, повисок дел од нешто. Врв на скалите. 4. (прен.) Највисок дострел, постигање, пројава на нешто. До кои врвови се искачила литературата за деца! 5. (прен.) Највисока положба, степен во некоја хиерархија. Се наоѓа на врвот во армијата. ◊ На врв на јазикот ‒ не може да се сети на нешто во моментот.